Предвремениот крај на сезоната, составот на Еурофарм Пелистер го искористи за експресна бековска промена во екипата. Од клубот замина хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ, додека пристигна македонскиот репрезентативец Марио Танковски.

Марио Танковски (во црн дрес) во дуел со Иван Тасески (син дрес) на средбата Охрид – Металург.

Танковски кој е роден стружанец со „фармацевтите“ потпиша двегодишен договор. Средниот бек конечно ја исполни својата цел да го напушти Металург и да се пресели во Битола.

Јотиќ, пак, кариерата ќе ја продолжи во португалска Бенфика.

Сезоната во мак-ракометот е прекината, а се чека уште официјакна потврда од Управниот одбор за официјално завршување. Шампион нема, испаѓање исто така. Супер лигата прво ќе се прошири и ќе се подели на две групи по осум екипи.

OhridNews