Парламентарците не ги прифатија предлог-измените на Изборниот законик кои беа поднесени од страна на опозицијата. Владејачкото мнозинство предлог-измените ги оцени како манипулативни, несериозни и против уставни. Според опозицијата измените се однесувале на усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, на гласањето на дијаспората и на загарантираните мандати на припадниците на помалите етнички заедници.

Со измените требаше да се зголеми бројот на пратеници, со што ќе се овозможеше припадниците на помалите заедници, и тоа турската, српската, ромската, бошњачката и влашката заедница, самостојно да настапуваат на избори и на тој начин да бидат рамноправно застапени.

Во Предлог-законот требаше де се определат и условите под кои се поднесуваат овие листи, како и нивната форма и начинот на гласање. Се предлагаше и модифицирање на изгледот на гласачкото ливче, кое би содржело два дела, и тоа листи со по 20 кандидати и во вториот дел, листи со по 10 кандидати.

Избирачите би гласале само за еден кандидат од двете понудени листи, заокружувајќи го бројот односно буквата пред избраниот кандидат.

OhridNews
извор: Makfaks