На втори февруари 2007, католичката црква „Sv. Pio X“, во Елбасан, прославуваше десетгодишнина од своето постоење. На прославата беше поканет о. Стефан Кушан од католичката црква „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, а во знак на екуменско пријателство бевме поканети и ние – претставници од православната црква „Св. Ѓорѓи“ од Охрид. Бидејки прославата почнуваше во 16.00, решивме да направивме еднодневна кружна прошетка до Драч и Тирана, а на враќање да присуствуваме на свеченоста во Елбасан.
Црквата Св Пио во Елбасан, Албанија
Сите бевме длабоко импресионирани од тоа што го видовме и доживеавме. Албанија е прекрасна земја која добива нов модерен лик. Патувавме по нови модерни патишта. Насекаде се градат нови згради и хотели, но и нови цркви и џамии. Фасадите на градбите се во разни бои како во земјата на бајките. Ова особено се чувствува во Драч кој израснал во еден голем модерен, нов град. Во Тирана пријатно не` изненади автентичноста на националниот ресторант, а особено љубезноста на персоналот што не служеше.
Но, најубавите моменти ги дозивеавме во Елбасан на прославата. Црквата има едноставна архитектура, но доволно пространа да прими многу посетители. И беше полна со народ: деца, млади, стари, свештеници, сестри од редот на Мајка Тереза… По богослужбата се одржа програма во која се евоцираа спомени од историјатот на парохијата. Иако не разбиравме што се кажува, од се` зрачесе ентузијазам, радост, христијанска лубов и заедништво. Католичкиот бискуп од Валона ни посвети посебно внимание и не` покани да го посетиме неговиот град.
Задоволни и среќни од се` што видовме и доживеавме тргнавме назад кон Охрид. Во нас беше присутна молитвата и желбата и во Охрид да постигнеме несто слично: пространи и живи цркви во кои нашите луѓе: децата, младите и постарите ке живеат и раснат во Христовиот Дух.
о. Диме Коцовски, црква „Св. Ѓорѓи“, Охрид