На Македонската берза вчера се продадени  18.000 акции на Охридска банка, што заедно со уште 12.300 акции што биле продадени пртходниот ден претставuваат вкупно  10,5% од вкупно емитираниот број на акции.

Купувачот акциите ги  купил по цена од  9.040 денари или вкупно трансакцијата чинела 163,32 милиони денари (2,66 милиони евра).

Како што објави интернет порталот  „Тотал“ неофицијално продавач на акциите е охридски Отекс, вториот по големина акционер во банката, со удел од  13,2%. Во сопственичката структура на Отекс со 24,5% учествува фирмата “Фани-Скопско пиво-Екстра” од Струмица и “Бајрактар ДОО” од Струга со 24,27%.

Се претпоставува дека можен купувач на акциите е сопственикот на контролниот пакет во Охридска, француската банка “Сосиет Женерал”, која го зголемува својот управувачки пакет, или пак инвестициски фондови од регионот, заинтересирани за оваа акција откако Французите најавија сериозни инвестиции во развој на банката.

ohridnews