За „Отекс“ Охрид ќе биде отворена стечајна постапка тврдат претставници на работниците од оваа компанија кои денеска остварија средбата со претседателот на охридскиот основен суд Владо Дејаноски.

“Ни беше посочено дека е отворена стечајна постапка и дека се чека само уште уплатата на потребните средства за судски такси за таа и официјално да започне“, ни изјави Митко Ристески, претставник на работниците од Отекс. И покрај најавите дека со посредство на локланта самоуправа ќе дојде до средба помеѓу претстсвници на работниците и акционерот Ибраим Абдураман, до тоа  денеска не дојде.


„И под стечај е подобро од сегашната ситуација“

Работниците денеска побараа средба со градоначаникот на Охрид, Александар Петрески,  и упатија апел до премиерот Никола Груевски да се заложи за решавање на состојбите во Отекс.

Незадоволството кај вработените во „Отекс“ кулминира минатиот месец. Дел од нив плата немаат добиенио и повеќе од една година, а придонесите не им се уплаќани од декември 2001 година. Долговите на компанијата  се проценуваат на околу 20 милиони евра, управната зграда е под хипотека, а два погони се продадени. Фабриката нема струја од 9-ти март оваа година поради неизмирени сметки за неколку години.

Г. Момироски
Фото: С. Костоски