Сметката на Општина Охрид, која е блокирана со години, конечнно ќе биде одблокирана, што ќе отвори големи перспективи за реализација на значајни инфраструктурни и развојни проекти, од исклучително значење за заедницата, истакна градоначалникот на Охрид Константин Георгиески на почетокот од отчетот по повод една година од неговиот мандат.
Враќањето на финансиската стабилнст на општината беше еден од најважните приритети на оваа локална власт. Благодарение на разбирањето и помошта од Владата, преку исклучително напорен и одговорен ангажман, Општина Охрид по повеќе од две децении конечно ќе има одблокирана сметка, а тоа ќе значи поголема функционалност, могу повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти, како и поедноставен пристап до Еврооските фондови. – рече Георгиески.
Тој во отчетот се пофали и со, како што рече, сериозни вложувања во инфраструктурата и образованието, најавувајќи продолжување на реализацијата на најавените и зацртани проекти, како и на талентираните ученици. Децении наназад нашите ученици учеа во објекти во кои има провев од сите страни, во кои прокиснуваа крововите, а подовите се распаѓаа, токму затоа оваа локална власт презеде значајни проекти за замена на кровни конструкции, замена на подови и подобрување на условите за образование, додаде Георгиески.
Беа реализирани голем број квалитетни проекти со кои Охрид доби сообраќајна мрежа според сите современи стандарди, беа асфалтирани и реконструирани значајни градски сообраќајници и значително беа подобрени условите за безбеден и динамичен сообраќај, што е од големо значење како за жителите, така и за туристите. – истакна Георгиески.
Оваа локалната власт, додаде Георгиески, континуирано е посветена и на финансиската консолидација на јавните претпријатија.
Со правилно менаџирање и домаќинско работење, истите остваруваат позитивни резултати во работењето. – рече Георгиески.
Во однос на туризмот, Георгиески нагласи дека локалната власт интензивно работи на посоодветно планско и стратешко подобрување за условите за развој на нови форми на алтернативен туризам надвор од главната сезона. Охрид има огромни потенцијали, но само низ заедничката соработка можеме да го направиме светска туристичка дестонација, истакна Градоначалникот.
Значајно внимение во изминатата година посветено е и на заштитата на животната средина, додаде Георгиески, потенцирајќи ја отпочнатата рехабилитација на Колекторскиот систем и заштитата на Охридското Езеро, како и процесот во УНЕСКО за зачувување на статусот на Охрид како светско природно и културно наследство.
Презедовме конкретни чекори и мерки, и во комуникација со УНЕСКО успеавме да ги поместиме работите од мртва точка, се работи за долготраен и макотрпен процес, но сигурен сум дека ќе оствариме посакувани резултати. – рече градоначалникот Георгиески.
Во отчетот Георгиески се осврна и на вложувањата на општината во културата и културните настани, како и на поддршката на спортот, спортските клубови и значајните спортски манифестации што се одржуваат во градот. Градоначалникот позитивно ја оцени и дипломатската активност на локалната самоуправа, во насока на зајакнување на соработката со меѓународната заедница и нејзините претставници во земјата.
Градоначалникот ги истакна и преземањата во социјаната сфера, посочувајќи дека општината се грижи за секој свој граѓанин.
Убеден сум дека мораме и можеме да постигнеме уште повеќе успеси, преку силно заедништво и соработка и во иднина ќе продолжиме да одиме напред и да работиме заедно за подобар Огрид, град каде што својата иднина ќе ја гледаат нашите деца и сите идни генерации. Подолжуваме заедно за Охрид. – рече во отчетот градоначалникот Георгиески.
Г.М.