Новозеландската радио станица „The Rock FM“ организирала наградна игра во која слушателите можат да освојат патување во Украина од 12 дена, џепарлак за патувањето и можност да одберат сопруга од украинските агенции. Учесниците во наградната игра треба само да пополнат апликација. Но, наградната игра не им се допаднала на украинските имигранти кои биле многу навредени.
Претседателката на украинската заедница во Нов Зеланд изјавила дека на овој начин Украина се промовира како земја во која се патува само за да се „собере“ сопруга. Против наградната игра била започната и кампања на Фејсбук, во која се бара стопирање на истата. Директорот на радио станицата изјавил дека се е само шега, и дека победникот и жената која ќе ја избере самите ќе одлучат дали сакаат да се венчаат.