Еден пар од Канада на лотарија освоил 11 милиони долари и сите пари ги дарувале во три месеци на локалната заедница. Ален и Виолет Ларџ кои се пензионери, ги дале парите на секоја служба и установа во нивното гратче Лоуер Труро во провинцијата Нова Шкотска.


Чекови со поголеми износи добиле пожарникарите, црквите, гробиштата, црвениот крст и болницата. Се разбира, парично се погрижиле и за своето семејство. Виолет рекла дека она што никогаш го немале не може ниту да им недостига. Тие се во брак 36 години. Пред 27 години се доселиле во Нова Шкотска, во времето додека Виолет се лечела од рак.