Гарина Фирон, мајка на две деца од Њу Јорк, преку ноќ станала милионер освојувајќи премија на лото. И покрај богатството продолжила да работи како чувар во злогласниот затвор Рајкерс Ајленд. Лото играла на секои шест месеци, а овој пат по грешка купила тикет за играта Мега Милионс и воопшто не знаела дека станала добитник иако го гледала извлекувањето на броевите.
Враќајќи се минатиот понеделник од работа на автобуската станица го извадила тикетот и ги прочитала броевите. Вели дека сака да разговара со претпоставените на работа, бидејќи не сака да даде отказ иако ќе биде единствениот милионер во затворот.