Џоан Гинтер купила лото ливче за 30 долари и освоила околу 10 милиони долари. Ја продолжила својата среќна низа, бидејќи ова и било четврти пат да освои милионска премија на лото.
Медиумите во САД ја прогласиле за најсреќен играч на лото во историјата. На лото прв пат добила 1993 година и тоа нешто повеќе од 3 милиони долари. Во 2006 освоила околу 1,5 милиони и во 2008 околу 2 милиони долари. Трите добитни ливчиња ги купила во локалната продавница во Тексас. Среќната добитничка одлучила да не дава изјави за медиумите.