Една новинарка од САД, која на лотарија добила 266 милиони долари, изјавила дека и покрај тоа ќе продолжи да работи. Џеки Сиснерос и нејзиниот сопруг Гилберт парите ги добиле на националната лотарија. Младата телевизиска новинарка изјавила дека не сака да ја напушти работата.
Една ноќ, одејќи на вечера во кинески ресторан, таа купила десетина ливчиња од лотаријата, меѓу кои било и она со најголемата добивка. Според американските медиуми, Брачниот пар сеуште не одлучил што ќе прави со парите, но сигурно еден дел од нив ќе одвојат за хуманитарни цели.