На својата прва посета на Лас Вегас, 24-годишната Џесика од Хонолулу, Хаваи, освоила главна премија од 2.500.000 долари на автоматот Тркало на среќата во казиното на хотел Калифорнија.
Во сеќавање на роденденот на баба и, го посетила градот на коцката со дечкото и семејството. Бабата била постојан гостин на казината и автоматите на среќа. Пред големата добивка во која вложила 20 долари, Џесика била со среќна рака и добила две помали добивки во истиот хотел. Планира да си го отплати автомобилот и дел од парите да им даде на роднините.