Наместо да ги игра своите омилени броеви, еден британец една вечер уплатил ливче со случајно избрани броеви и добил премија од три милиони фунти. Роџер Џилепси играл лото цели 15 години. Кога една ноќ тргнал да купи млеко сфатил дека заборавил да уплати ливче со своите омилени броеви, но забележал дека во киоскот сеуште гори светлото.
Било 19 часот и 28 минути, а уплата за лото се прима до 19 часот и 30 минути. Купил едно ливче со случајно избрани броеви и го ставил во својот џеб. Кога подоцна ги проверувал броевите со својата ќерка видел дека има шест погодени броеви и освоил три милиони фунти. Сопственикот на киоскот изјавил дека тоа е прв пат некој во нивното место да освои толку голема добивка.