Возачот на автобус од Престон, Кевин Халштед освоил околу 2,5 милиони евра на лото, а дел од добивката ќе и подари на својата поранешна сопруга. Кевин и Хелен се венчале 1994 година, а се разишле само три години подоцна. Останале во брак само поради нивната ќерка Џесика, иако секој од нив живеел со својот нов партнер.
Пред три месеци се развеле и официјално, па Хелен немала право на половина од добивката. Милионите ги прославил со својата сегашна партнерка Џозефин Џонс. Одлучил дека нема да даде отказ и ќе продолжи да вози автобус на релацијата Престон – Болтон.