Глен Кристи од Велика Британија минатата седмица пред да оди на работа открил дека освоил премија на лото. Наместо да оди да заменува оштетени водоводни цевки, му се јавил на својот шеф, му кажал дека добил на лото и дал отказ. Среќниот добитник рекол дека го сторил токму она за што милиони луѓе сонуваат.
Изјавил дека за себе и за сопругата ќе направи пристојна свадба, за што таа отсекогаш сонувала, а за себе ќе купи џип. Додал дека сака да ги исплати сите свои долгови. Наскоро ќе одлучел со што ќе се занимава во животот, а истакнал дека е многу опуштен, бидејќи сега може се да планира без никакви обврски.