Еден жител на Франција во играта на среќа “Euro Millions” освоил дури 101 милион евра. Среќниот добитник има рок од 60 дена за превземање на наградата, јавиле француските медиуми. Играта на среќа “Euro Millions” е најголема заедничка лотарија на повеќе држави, а во извлекувањето два пати неделно учествуваат најмалку 20 милиони играчи од девет европски земји, и тоа, Франција, Велика Британија, Шпанија, Португалија, Луксембург, Швајцарија, Австрија, Белгија и Ирска, а секој играч има минимални шанси да ја погоди добитната комбинација од седум броеви.
Цената на стандардната картичка за секое извлекување изнесува две евра, две фунти, или три швајцарски франци. Џек потот, со кој добитникот од оваа седмица може да купи 2,5 тона злато, е третата извлечена добивка во Франција, само нешто повеќе од еден месец откако во истата земја бил извлечен џек пот од 169 милиони евра.