Еден американец од Јужна Каролина два пати ја освоил главната награда на игра на среќа во период од четири месеци. Човекот, кој сакал да остане анонимен, добил два пати по 200 илјади долари на среќки за гребење. Првата награда ја добил во септември, кога купил среќка “Colour of Money” на бензинска пумпа на “Mr Express”.
Касиерката на пумпата рекла дека само влегол и рекол дека штотуку добил 200 илјади долари. Не скокал од среќа. Додала дека таа сигурно би скокала горе долу и би вриштела од среќа. По четири месеци, среќниот добитник повторно купил среќка и ја изгребал главната премија, но овој пат на бензинска пумпа оддалечена на еден километар од претходната.