Еден романец освоил премија од 450 илјади евра во една коцкарница во Букурешт, а се воспоставило дека тоа е девет пати поголем износ од вредноста на коцкарницата, поради што сопственикот одбил да му го исплати износот. Кога играчот побарал да му се исплати освоената премија, сопственикот го обвинил за измама.


Двајцата повикале полиција. Дури и ако техничката експертиза докаже дека играчот е во право, тој парите може да ги добие единствено по судски пат. Законот во Романија не ги обврзува сопствениците на коцкарници да депонираат пари со кои би ја гарантирале исплатата на освоените суми на играчите.