Стив Тран, добитник на вториот рекорден џекпот во историјата на лотаријата на САД, потполно изумил дека купил лото тикет. Според неговите зборови, ливчето вредно 324 милиони долари со седмици стоело на комодата во неговиот стан пред да се сети да ги провери броевите. Како и многу други жители на Северна Калифорнија, доставувачот на пратки се прашувал кој е тој среќник кој на 17 декември ја освоил милионската добивка, не ни сонувајќи дека таа мистериозна личност е токму тој.

Набрзо по извлекувањето, на една жена од Џорџија и била исплатена половина од наградата од 648 милиони долари, а официјалните лива не знаеле дека вториот добитник тикетот го купил во продавницата „Џениферс гифт шоп“ во Сан Хозе. тран, меѓутоа, заборавил на ливчето, кое седело на полицата, меѓу едно купче недобитни тикети. Пред неколку дена, во три часто наутро, се разбудил и се сетил дека бил во Сан Хозе. Ги проверил броевите ја разбудил сопругата. Неколку часа подоцна му се јавил на шефот и му оставил говорна порака со следнава содржина: „Шефе, навистина ми е жал. Освоив џекпот. Мислам дена нема да дојдам на работа денес, а ниту утре, никогаш повеќе.“