Еден жител на Франција на европската лотарија „Евромилион“ освоил повеќе од 72 милиони долари, соопштила француската лотарија. Ова е втор пат некој од Франција во јануари да биде добитник на џекпотот на европската супер лотарија.

Среќниот добитник има рок од 60 дена да се пријави за добвиката и да започне живот како мултимилионер. „Евромилион“ лотарија е основана во 2004 година и се игра во девет земји од западна Европа, и тоа Австрија, Белгија, Велика Британија, Франција, Ирска, Луксембург, Португалија, Шпанија и Швајцарија. Рекордната добивка од 190 милиони долари ја освоил пар од Велика Британија во август 2012 година.