Еден играч на лото од Велика Британија ја погодил комбинацијата од седум броеви и го срушил рекордот на паневропската лотарија ЕуроМилионс. Освоил околу 130 милиони евра, што е во вредност на четири тона злато.


Рекордот на ЕуроМилионс претходно го држела една жителка од Шпанија, која освоила 126 милиони евра. Најголемиот износ во европските игри на среќа го освоил еден италијанец. Тој ги погодил броевите на супер лотото и добил 147 милиони евра. Светскиот рекорд го држат двајца американци, кои поделиле 296 милиони евра на Мега Милионс лотото.