Еден играч на среќа во Велика Британија освоил нешто повеќе од 117 милиони евра на извлекувањето на играта „Евромилионс“ на француската телевизија, бидејќи бил единствениот од неколку десетици милиони играчи кој ја пронашол добитната комбинација.
Таа игра се игра во девет европски земји, и тоа франција, Велика Британија, Шпанија, Луксембург, Белгија, Швајцарија, Португалија, Ирска и Австрија. Четири играчи од Велика Британија се наоѓаат на листата од десет играчи со најголеми добивки на лотаријата „Евромилионс“.