Во селото Опеница, охридско, денеска ќе биде осветена црквата „Свети Никола“.
По тој повод ќе се служи света архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува неговото високо-преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, информираат од епархијата.
Богослужби денеска ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.