На празникот Свети Великомаченик Атиноген и Спомен на светите отци од 6-те Вселенски собори, денеска во с. Лескоец-охридско, ќе биде осветен  храмот „Свети Илија“.

По тој повод  ќе се отслужи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан со митрополитите Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Брегалнички г. Иларион.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој значаен чин и празник.

ohridnews