Црквата Св. Богородица во Скребатно
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27 јули 2009 година (понеделник), во црквата „Света Богородица – Болничка“, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Свети маченици Кирик и Јулита“, со поче-ток во 17.00 часот.
На 28 јули 2009 година (вторник), во црквата „Света Богородица – Болничка“, Охрид, ќе се служи света литургија, по повод празникот „Свети маченици Кирик и Јулита“, со почеток во 8.30 часот. По завршу-вањето на литургијата Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, ќе изврши водосвет и ќе го прекрши празничниот леб.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.