Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 24 февруари 2008 година (недела), во црквата „Света Богородица – Каменско“, Охрид, ќе се изврши чин на мало осветување на престолот и ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Ѓорѓи Кратовски и Свети Власиј“, со почеток во 8.30 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со уште двајца архиереи на МПЦ, како и со повеќемина свештеници од Дебарско-кичевската епархија.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
ohridnews