Божиќната елка пред центатот „Рокфелер“ во Њујорк синоќа била свечено осветлена во присуство на повеќе илјади луѓе. Елката, висока 26 метри и тешка околу 13 тони била украсена со дури 45 илјади сијалички, кои ќе сјаат до 7 јануари. Осветлувањето на елката во центарот на Менхетн за многумина претставува симболичен почеток на празничната сезона.

 

Меѓу музичките ѕвезди кои оваа година настапувале на традиционалната манифестација биле Мараја Кери и Синди Лопер, а прикажани биле видео настапи на Лејди Гага и Тони Бенет. Истовремено на соседната пета и шеста авенија се собрале голем број демонстранти кои протестирале поради одлуката на големата порота да го ослободат њујоршкиот полицаец кој убил ненаоружен афроамериканец. Силно полициско обезбедување било присутно на улиците, а на неколку места биле поставени барикади.