Неколку илјади верници и граѓани на соседниот крајезерски град Поградец во Република Албанија, со црковни и други свечености го одбележаа големиот празник Богојавление – Водици, според Грегоријанскиот календар.
Главната свеченост се одвиваше на брегот на Охридското Езеро во центарот на градот, каде беа осветени студените езерски води, по што десетина момчиња запливаа по чесниот крст. На овој начин се симболизира крштевањето на Исус во реката Јордан.
Слично како и кај нас, верниците за Водици ги посетуваат црквите и црпат вода од осветеното Езеро за здравје.
Атмосферата за Водици во Поградец ја долови познатот охридски фотограф Емил Јовановиќ.
Традицијата за Водици во Албанија се омасовува пред околу десет години по примерот на Охрид, кој богојавленските празници ги слави според стариот – Јулијански календар на 19 јануари.
OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ