Со црковни обичаи денеска беше осветен фрескоживописот на манастирската црква „Света Петка“ во охридското село Оровник. Исто така денеска, на празникот посветен на „Св. преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“ беа осветени и новите конаци на манастирот.
По тој повод утрово се одржа света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј со повеќемина свештенослужители.
Ohridnews
фото: Александар Јолакоски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com