На чинот на осветувањето присуствуваа преку 300 Македонци кои живеат и работат во Австија, како и бројни гости меѓу кои и македонската амбасадорка во Виена, Весна Борозан, дипломати и претставници на ОБСЕ.
– После многу години макотрпна работа дојдовме до парче македонска земја во Виена и сега официјално веќе на тоа тло има Македонска Православна Црква, истакна претседателот на црковната општина „Св. Наум Охридски“ во Виена, Димче Лазоски.
Црковното земјиште МПЦО „Св.Наум Охридски“ го купи неодамна од диоцезата за сума од 400.000 евра, средства кои ќе бидат донирани од сите македонци кои живеат и работат во Австрија.
Од формирањето до денес МПЦО „Св. Наум Охридски“ успешно функционира борејќи се за интересите на македонската заедница во Австрија. Паралелно со МПЦО регистрирана е и Македонската културна заедница која е одговорна за организација на културниот, образовниот и спортскиот живот на македонците. Покрај тоа, таа организира и дополнителна настава на македонски јазик за најмладтите Македонци, со што се одржува важна врска со родната земја на нивните родители.