Денеска, во присуство на бројни верници, во манастирот „Вознесение Христово“ – Свети Спас во село Горно Лакочереј, се изврши преосветување на манастирската црква.
Се служеше и света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Меѓу бројните гости и верници беше и градоначалникот Никола Бакрачески.
По завршувањето на светата литургија се изврши и осветување на новоизградениот конак.
OhridNews