Католичката црква „Светите Бенедикт и Св. Кирил и Методиј“ во Охрид вчера беше осветена со пригодна верска свеченост.
На осветувањето на католичката црква присуствуваа дел од учесниците на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, претствници на Ватикан, на МПЦ, како и претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски, премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
Новата Католичка црква во Охрид постои повеќе од 10 години, но таа е осветена дури сега откако таа е фрескоживописана. Автор на фреските во Католичката црква во Охрид е италијанскиот уметник Винченцо Бјанки кој присуствуваше на нејзиното осветување.
Бјанки за време на посетата на Охрид најави отворање на негов музеј или уметничка академија во Охрид на кој ќе му подари 200 уметнички дела на автори од Европа и Јапонија.
Г. Момироски
фото: Шпанец