По повод празникот Преподобна Параскева – Петковден во селото Волино се одржа свечена церемонија на осветување на црквата „Света Петка“.

На осветување на црквата чиноначалстувавше Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, а присуствуваше и директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Билјана Стефаноска.

Осветувањето на овој свет христијански храм значи збогатување на културното наследство, туристичките производи и развој на верскиот туризам. Волино се наоѓа на само 5 километри од аеродромот „Св. Апостол Павле”- Охрид. Агенцијата посветено поддржува ваков тип на настани и збогатување на туристичката понуда во општините и населените места на Р.Македонија, посочуваат од АППТ.

Инаку, камен темелник на новата црква посветена на Света Петка во Волино беше поставен на 2 август 2010 година.

OhridNews

фото. АППТ