Конгресниот центар во Охрид, сопственост на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, денеска беше осветен со што тој и свечено епуштен во употреба. Објектот работи од 13 август, а во меѓувреме се завршени сите внатрешни и надворешни дотерувања и тој може да функционира со полн капацитет.
Целта е со отворањето на Конгресниот центар универзитетот во посоодветни условиен да обавува дел од високо образовната и научна работа, истакна на свеченоста ректорот на скопскиот универзитет Ѓорѓи Мартински. Покрај скопскиот, Конгресниот центар ќе може да го користат и сите сродни институции, напомена Мартиновски.
Конгресниот центар во Охрид има капацитет од 50 соби и две големи сали. Адаптацијата на објектот кој некогаш беше одморалиште започна пред две години, а во него се инветсирани 1 милион евра, средства што униоверзитетот ги обезбедил со кредит кој бил одобрен од владата.
Како што најави ректорот Мартиноски, согласно Деталниот урбанистички план на општина Охрид, постојат можности за проширување на капацитетите на Конгресниот центар со уште еден објект со околу 50-на соби и голема конгресна сала за околу 400 лица.
За директор на Конгресниот центар е поставен Никола Шајновски.