Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во текот на денешниот изборен ден регистрирало пет случаи во кои гласачи го фотографирале гласчкото ливче во Радовиш, Скопје, Охрид и Берово. Претходно МВР информираше за уште два вакви случаи, за изборен материјал оставен на автомобили, за исцртани графити на две локации и за пронајдена испукана димна бомба на едно избирачко место.
Во 11.10 часот е пријавено дека во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место број 1602 лице од село Коџалија го фотографирал гласачкото ливче. Околу 12.15 часот е пријавено дека на избирачко место број 2683/1 во Скопје 40 годишно лице од Скопје го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат попладнево од МВР.
Случај е регистриран и во Охрид на избирачко место број 1271, каде 48 годишен охриѓанец го фотографирал гласачкото ливче.
Во 12.35 часот е пријавено дека на избирачко место бр.0006 во Берово, 42 годишно лице го фотографирал гласачкото ливче. Истиот е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во 13.57 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје лице го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во денешното соопштение од МВР.
OhridNews