Кинаската фирма „Wuhana“, која се занимава со градежен материјал, бара од кандидатите за вработување да ги покажат ушите за време на разговорот. Не сакаат првиот контакт со клиентите да има лош ефект. Кандидатката Ли, која се појавила за секретарка, се зачудила на необичното барање.
„Убаво разговаравме, но потоа морав да ги покажам ушите“ – рекла таа.
Лин од одделот за човечки ресурси вели дека изразот на лицето, вклучувајќи ги ушите, играат голема улога во тоа како клиентите ги гледаат вработените.
„Освен способност и диплома, битно ни е и убаво лице, бидејќи тоа дава добар впечаток за фирмата“ – додал Лин.