Поминаа точно девет години откако најдобрите македонски ракометари последен пат учествуваа на еден мундијал, оној во Египет, прв и засега единствен од осамостојувањето на државата. Ракометарите зад себе имаат и уште едно учество на големите натпревари, она на Европското првенство (ЕП) во Италија во 1998 година.
Во досегашната историја во меѓусебните дуели, Македонија нема забележано пораз поголем од 5 гола на натпреварите во Исланд, па сите очекуваат традицијата да продолжи.