Со натпреварите од 1 коло во среда, 19 јули, почнува осумнаесеттото издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2023“.

Турнирот ќе го отворат минатогодишниот освојувач АСП ПАК и Вила Мина.

Распоред на натпревари 19.07.2023 (среда)
20:30ч Асп Пак – Вила Мина
21:30ч Св. Троица – Вабко сервис Џуте
22:30ч Рики Мебел – Брумел

На турнирот учествуваат 24 екипи распределени во осум групи. Во фазата по групи, ќе се играат по три натпревари дневно.

Учесниците на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2023“, ги очекува богат награден фонд. Првопласираната екипа ќе инкасира 100.000 денари.

Г.М.
Фото: Архива Охридњуз