Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.798 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 11 , Тетово – 6 и Свети Николе – 1.

Регистрирани сe седум оздравени пациенти од: Скопје – 3, Битола, Струмица , Кичево и Берово – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Во моментов најмногу активни случаи има во Скопје 74, следи Тетово со 70, Куманово 12 и Охрид 11.

OhridNews