Полициската акција во реонот на тетовските села Бродец, Вешала и Вејце е завршена, информираше полицијата. Според досегашните информации, има најмалку осуммина загинати од страната на криминалните банди, а уапсен е Хабит Амети, еден од водачите и уште четворица други.

Од страната на полицијата нема жртви, а увидни екипи на МВР се на терен. Извори од полицијата за А1 велат дека е запленето поголемо количество на оружје.

Специјалните единици на полицијата со помош на хеликоптери утрово почнаа акција за апсење на криминалните групи на Лирим Јакупи – Нацист и Рамадан Шити, кои пред неколку месеци избегаа од косовскиот затвор Дубрава, потврди портпаролот на МВР.

Блокирани беа сите приоди на Шар Планина кон подрачјето на коешто се одвиваше акцијата. Полицијата постави пунктови и на излезите од Тетово кон Шар Планина и не дозволуваше движење на новинари и цивили во двата правца.

Пред неколку дена кај селото Одри, во пресметка на криминални групи беше убиен Џавид Морина.

Морина беше еден од избеганите од затворот Дубрава, а се смета дека сакал да и се придружи на групата на Јакупи.

извор A1

ohridnews