Брод кој превезувал туристи на езерото „Table Rock“ на Мисури, САД, се превртел и потонал, при што загинаа најмалку осум лица, соопшти американската полиција.
Локалниот шериф во изјава за медиумите истакнал дека седум лица се хоспитализирани, а повеќе други се водат за исчезнати. Двајца од повредените биле во критична состојба.
Во моментот на несреќета на езерото беснеело невреме проследено со грмотевици и ветрови од околу 80 километри на час.
OhridNews