Синоќа пред полноќ во селото Дубона кај Младеновац, 21-годишниот У.Б. уби осум, и повреди 13 луѓе, јави Бета. Нападот почнал во селото Дубона, кога младиот човек почнал да пука од автомобил во движење со автоматска пушка, а потоа пукал и во селата Мало Орашје и Шепшин.
Радио Телевизија Србија дознава дека масовниот убиец е уапсен во околината на Крагуевац. По него трагаа повеќе од 600 припадници на српското МВР.
Ранетите се пренесени во Ургентниот центар на Клиничкиот центар во Белград, Клиничкиот болнички центар „Драгиша Мишовиќ“ и Општата болница „Свети Лука“ во Смедерево.
Двајца од оперираните во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ се во животна опасност, осуммина од Ургентниот центар во Белград се стабилни, додека четворица починаа во Смедерево, две лица се пренесени во Белград, а три се оперирани.
Вооружениот напад во Дубона е второ масовно злосторство во изминатите три дена во Србија.
Во средата, на 3 мај, во утринските часови, тринаесетгодишен ученик од белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ со пиштол уби осум ученици и еден чувар, а рани седуммина.
OhridNews
фото. МИА