Со победа од 2-1 Порто по одиграни 4 кола е лидер во А групата.
Табела: Порто 8,Марсеј 7,Ливерпул 4, Бешикташ 3
Иверсен го расипа евро дебито на Роналдо Куман на клупата на Валенсија. На лице место имаше можност Куман да ја запознае екипата која ке ја предводи во борбата за едно од двете места кои водата кон пролет во Лигата на Шампиони.
Челзи се извлече на Ауф Шалке арената играјки без голови 0-0. Домаќините се ти кои треба да жалат, на два пати го совладаа Кудичини но еднаш гредата а еднаш дирекот ги спаси Англичаните од пораз.
Табела: Челзи 8, Розенборг 7, .Шалке 4, Валенсија 3
Доста нервозен натпревар одиграа Лацио и Вердер на Олимпико.Два пенала и два црвени картони и победа на римјаните е епилогот на мечот.Во составот на небесно –сините го немаше Горан Пандев. Двата гола во победата за римјаните ги постигна Томасо Роки, додека во судиското надополнување поразот го ублажи Диего .
Благодарение на ремито без голови кралскиот Реал Мадрид остана на првата позиција во Ц групата. Нистелрој беше најблиску до погодок но неговито лоб удар заврши во гредата .
Табела: Реал Мадрид 8, Лацио 5, Олимпијакос 5, Вердер 3
Супер Пипо уште еднаш се покажа како витален играч во составот на росонерите кои извојуваа тешка победа над Украинскиот Шахтјор .Инзаги на двапти го најде патот кон мрежата додек третиот гол беше дело на Кака` .
“келтите“ ја продолжија победничката песна во Глазгов минимално совладувајки ја Бенфика со голот на Мекгиди .
Табела: Милан 9, Шахтјор 6, Селтик 6, Бенфика 3
Денес играат
Група Е:
Барселона – Ренџерс
Dербито на денот, ке го играат водечките во Е групата . На Барса ќе и’ биде тешко да ја пробие гостинската одбрана, која на последните 10 меча во Европа прими само 3 гола. Креаторот на играта на Барса, Лионел Меси, по првиот меч во Глазгов (0-0) изјави дека противникот играл „антифудбал“. Ренџерс нема победа против шпанска екипа на гости, но тимот од Глазгов има одлични спомени од „Камп ноу“, каде што во 1972 година го освои Купот на победниците.
Лион – Штутгарт
Во оваа група и Лион ја бара својата шанса за понатамошен пласман. Францускиот првак го пречекува германскиот шампион Штутгарт. Пред две недели, Лион со 2-0 победи во Германија. Лион во последните пет сезони секогаш ја поминувал групата.
Табела: 1.Барселона 7, 2. Ренџерс 7, 3.Лион 3, 4.Штутгарт 0
Група Ф:
Манчестер Ј. – Динамо Киев
Манчестер на свој терен игра против Динамо Киев, и со победа ке го визира местото во нок аут фазата.Во последните десет меча Динамо нема победа во Лигата на Шампиони
Спортинг – Рома
Во директна пресметка за второто место Спортинг во Лисабон ке ја пречека Рома , која ќе биде без повредениот Франческо Тоти.
Табела: 1.Манчестер Јунајтед 9, 2.Рома 6, 3.Спортинг 3, 4.Динамо Киев 0
Група Г:
Интер – ЦСКА Москва
Интер на „Џузепе Меаца“ ја пречекува ЦСКА Москва, и ке се повикаат на традиција која вели , која вели дека Интер нема пораз на свој терен од руски тим. Нераѕурите“ ќе бидат без тројца стартери, кои се повредени. Подолго време ги нема Дејан Станковиќ и Патрик Вјеира, а Луиш Фигу во неделата ја скрши ногата.
Фенербахче – ПСВ
Фенербахче подготвува пеколна атмосфера за гостинот ПСВ Ајндховен. Турскиот тим, кој во првото коло го победи Интер, се надева на нов триумф пред своите гледачи со кој би ја зацврстил втората позицја .
Табела: 1.Интер 6, 2.Фенербахче 5, 3.ПСВ 4, 4.ЦСКА Москва 1
Група Х:
Славија – Арсенал
Арсенал, кој сезонава е без пораз, му гостува на дебитантот Славија. Пред две недели „топчиите“ славеа со 7-0. Славија останува со шанси за второто место во групата.
Стеауа – Севиља
3а тимот на Стеауа натпреварот пред домашна публика со Севиља е последната шанса да осатанат во игра за место во Европа .
Табела: 1 Арсенал 9, 2.Севиља 6, 3.Славија Прага 3, 4.Стеауа Букурешт 0.