Осумгодишно девојче од Јемен се обратило на судот за помош, барајќи развод од триесет годишник со кого присилно стапило во брак, пренесуваат јеменските медиуми.
Нојуд Мухамед Насер поднела тужба против својот татко кој ја присилил на брак, а вели дека и сексуално ја злоставувал.
Судот наредил да се уапсат таткото и сопругот, кои се обвинети за насилство сексуално малтретирање. Таткото покасно, поради лоша здравствена ситуација е пуштен да се брани од слобода.
Бракови со малолетници се честа појава во Јемен, и не постои закон кој би одредил долна старосна граница за стапување во брак.