Осумгодишно неподвижно девојче од Охрид со тешка сколиоза, утрово беше транспортирано со хеликоптер од градската болница „8ми Септември“ на операција во Истанбул, пренесува „Фокус“.
Како што информираат од болницата за „Фокус“ девојчето ќе биде транспортирано до спинален центар во Истанбул заради операција.
Целата процедура, како што е наведено, е завршена согласно процедурите за вакви случаи.
OhridNews
извор. Фокус