Најмладиот бизнисмен на светот, осумгодишниот британец Харли, се занимава со продажба на топчиња. Поради презафатеноста морал да ги вработи својата мајка и неговите двајца браќа. Харли Џордан од Лондон имал само осум години, а веќе водел своја компанија. Топчињата најпрво им ги продавал на своите пријатели во училиштето, но постарите деца му ги земале залихите, па отворил сопствена интернет страница на која ги продавал омилените играчки.


Така младиот бизнисмен веќе две години ја водел интернет страната marbleking.co.uk на која ги продавал топчињата. Годишно заработувал илјадници фунти. Харли бил толку зафатен, што морал да ги вработи мајка си и двајцата браќа. Иако имало многу работа, момчето објаснило дека е многу професионално и дека планирало еден ден да има ланец продавници со играчки.