Британски пензионер по четири операции на срцето се опоравил со сопствен тренинг и сега снимил ДВД со инструкции во кое објаснува како да се остане во форма само со рачка од метла.
Осумдесетгодишниот Џек Кагни, со желба да им помогне и на останатите пензионери и постари луѓе да останат во форма, го снимил своето ДВД по име ‘Get fit with Gentleman Jack’, во кое тврди дека неговиот фитнес план не бара посебна опрема, освен рачка од метла.


Тој вели дека е најважна волјата, а неговиот метод на вежбање добар за луѓе на возраст од 16 до 100 години. Тренингот на ДВД-то покажува како да се вежба со рамената, рацете, грбот и нозете.