На денешен ден во 1924 во Милано, бугарските врховисти го убија македонскиот револуционер, охриѓанецот Петар Чаулев.

Чаулев е еден од потписниците на Мајскиот манифест на ЦК на ВМРО во 1924 година, во кој е прокламирана борбата за ослободување и обединување на сите делови на Македонија во независна политичка единица во рамките на една балканска федерација.

Роден е во Охрид, во 1882 година. Револуционерната дејност ја започнал уште пред Илинденското  востание во кое учествуваше како војвода во Крушевско и во Охридско.  

ohridnews