Осум лица загинаа во пожар што избувна ноќеска во Брно, вториот по големина град во Чешка, соопшти денеска локалната полиција.

Пожарот избувнал околу два часот по полноќ, а чешката јавна телевизија јави дека животот го загубиле бездомници кои ноќта ја минувале во импровизирано засолниште.

Спасувачите не пронашле повредени. Полицијата и пожарникарите истражуваат што го предизвикало пожарот.

OhridNews

фото. Архива