Трпеливa игра во сите деведесет минути е стратегијата на Карло Анчелоти, во вечерашниот реванш 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони. Во составот на актуелниот европски клупски шампион се враќаат Кака, Неста и Пирло, додека Сидорф и Инзаги својата шанса ќе ја чекаат од клупата.
Арсенал нема да смета на неодамна повредениот Едуардo да Силва, како и на Росицки и Коло Туре. Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, најави дека нема да постави директен чувар на Кака, туку со зонска игра ќе се обидат да го неутрализираат најдобриот фудбалер за 2007 година.

Првиот натпревар помеѓу шампионите на Англија и Франција, Манчестер Ј. и Олимпик Лион заврши без победник 1-1. Од таборот на “бебињата“ најавуваат офанзивна игра, на „Олд Трафорд“ во ЛШ Манчестер има девет победи по ред. Најголеми адути за французите ќе бидат Жуњино и Бензема.

Рехабилитација по поразот од Атлетико Мадрид, викендов, каталонците ќе бараат во ЛШ. Победникот од 2006 има солидна предност пред реванш мечот со “детелините“, само со чудо шкотите  можат да поминат понатаму.

Севиља има негатива од еден гол против Фенербахче, откако првиот меч во Истанбул заврши 3-2. Дво кратниот Уефа Куп освојувач Севиља е дебитант во елитата, а и Фенербахче првпат игра во нокаут-фазата од елитата.

Вечерва играат: Барселона – Селтик (3:2), Манчестер Ј. – Лион (1:1), Севиља – Фенербахче (2:3), Милан – Арсенал (0:0). Во заградата се резултатите од првите  натпревари

Утре играат: Порто – Шалке (0:1), Реал Мадрид – Рома (1:2), Челси – Олимпијакос(0-0),  Интер – Ливерпул ќе играат на 11 март.